Крадци се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип.

Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното одделение во кое се лекуваат ковид болните.

Според надлежните од болницата, крадецот најверојатно се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.

Случајот е пријавен во СВР-Штип, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

Од СВР-Штип велат дека извршен е увид и се уште се трага по сторителот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.