Приведениот разбојник, кој утрово избегал од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, издржувал затворска казна од 13 години и шест месеци за сторени кривични дела по член 237 и член 396 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и осум месеци.
Инаку, од МВР денеска соопштија дека на улицата „Благоја Стефковски“ на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Специјален тим при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(48) од Куманово. Тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во казино на ул.„Благоја Стефковски“.
При лишувањето, полициските службеници испукале еден предупредувачки куршум. Кај него биле пронајдени одземените пари и пиштол „Чешка зброевка“ калибар 9 мм со муниција. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.