Во Скопје на бул.„Александар Македонски“ вчера во 17:30 часот полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(20) од Скопје.
Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“.
Како што информираа од МВР, лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.