Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија за дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода Д.Р.(42) од Битола. При преглед во возило „ауди“, кое го управувал Д.Р., бил пронајден и одземен амфетамин.

При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. Лицето е приведено во полициска станица, за случајот бил известен jавен обвинител, а по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.