Едно лице кое се сомничи за серија кражби во куќи, вчера попладне било лишено од слобода и со пријава изведено пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар. На З. С. (47) од гостиварско Чегране, синоќа му е определен осумдневен притвор.
Според информацијата на СВР Тетово, тој вчера попладне е лишен од слобода од полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар.
– З.С. се сомничи за извршени вкупно 12 кражби и тешки кражби годинава на подрачјето на Гостивар и Тетово. Најголемиот број од кражбите ги извршил во приватни куќи, наведуваат од СВР Тетово.
Чегранецот З.С. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” за издржување на мерката притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.