Притвор им е одреден и на двајцата полицајци , кои го превезувале Беким Мемети од затворот Идризово кон Клиничкиот центар во Скопје. Третиот полицаец е на Карил и се опоравува од прострелната рана, откако бил погоден од затвореникот при бегството од службеното комбе. За четвртиот засега нема информации. Утринава двајцата полицајци се спроведени во затворот во Шутка. По распитот во Кривичниот суд било утврдено дека командирот и полицајците можат да избегаат, а бидејќи постојат индиции кои укажуваат дека му помогнале на затвореникот Беким Мемети да избега, бидејќи биле направени голем број пропусти во процедурата при спроведувањето на затвореникот.
Во меѓувреме, полицијата распиша меѓународна потерница за затвореникот Беким Мемети, 36-годишник од Тетово, а трага и по засега непознатите кои биле во сивото Ауди со кое прво му го попречило патот на затворското комбе а потоа и го евакуирале бегалецот..
Мемети требало до 2040 година да биде во затвор за убиство и поседување дрога. Во септември 2016-та година во вооружена пресметка во Мала Речица убил едно лице, но веднаш избегал во Германија. Првично Мемети бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година отаккао бил уапсен во Берлин и екстрадиран во земјава, му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на 19 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.