Командирот на кој му избега убиецот, избркан за поткуп, а Спасовски го вратил и направил Командир во Идризово, на фејсбук статуси со да живее СДСМ. Командир на смена во Идризово кој е одговорен за проценка на ризик при транспорт на затвореници дента кога се пренесувал убиецот кој избега, а притоа повреди полицајци е човек близок до СДС, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека командирот Димитријевски е поставен од Спасовски, и истиот е задолжен за проценката на ризик, тој можел да побара асистенција од МВР, што е пракса кога постои зголемен ризик од бегство. Зошто не побарал треба да одговори и самиот Спасовски кој го враќа во МВР и унапредува. За каков криминалец, ако не за осуденик за убиство постои зголемен ризик од бегство?

Кој е Срѓан Поп Димитријевски? Тој е Командир на смена во Идризово и не ја крие својата поддршка за СДС, па јавно на својот фејсбук профил објавува содржини со наслови да живее СДС.

Според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, Командирот на смена во чија смена се случило бегството пред неколку години бил избркан од МВР, како последица на учество во криминални дејствија, информациите говорат дека тој бил фатен на дело во ПС Бит Пазар при кривично дело Поткуп по што бил избркан од работа.

Со доаѓањето на Спасовски тој го враќа и го поставува на командирска позиција во Идризово.

Од партијата прашуваат зошто Спасовски го вратил и унапредил овој полициски службеник, кој бил фатен во вршење на кривично дело на работа? Дали истиот е вратен затоа што дава поддршка на СДС? Дали Спасовски го вратил на работа за во иднина тој истиот да може да ги повтори делата или да направи нови од полза на СДС?

Спасовски е одговорен за бегството на затвореникот убиец. Тој не само што е министер во МВР, туку е и министерот кој го вратил командирот Димитријевски на работа по извршен криминал, и го поставил на командирска позиција. Спасовски не може да бега од одговорност. Спасовски да се соочи со последиците од својата неспособност и криминогеност. Оставка веднаш, се вели во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.