Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен битолчанец во чиј дом била пронајдена 72,69 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во повеќе различни пакувања, а против кого, исто така, е определена и мерка притвор.

Според Јавното Обвинителство, за него постои основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес во домот на осомничениот на 21 декември на улицата „Стрчин“, полициски службеници пронашле 72,69 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во повеќе различни пакувања, стои во соопштението од ЈО.

Дополнуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена, дополнуваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.