Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес во возило кое го управувал осомничениот, а потоа и во неговиот дом, полициски службеници пронашле наркотична дрога марихуана во нето маса од 66,55 грама, 5,96 грама амфетамин, 0,41 грама кокаин, 0,89 грама прашкаста материја од амфетамин MDMA и 149 таблети од психотропна супстанца, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор бидејќи, како што е наведено во соопштението, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото.​​



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.