Пожарот кој првично го зафати поранешниот Монопол во Тетово сега се проширува и на соседните објекти.

На терен пристигнаа приватни компании кои помагаат во ставањето под контрола на пламените јазици, но и во транспортот на робата која била складирана во соседните објекти.

На терен пристигнаа и неколку возила на Брза помош, но во моментов нема официјални информации за настрадани лица.

Полицијата го ограничи движењето во Тетово поради големиот пожар и густиот чад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.