Густ црн чад се издигна утрово над Тетово. Според локалните медиуми, станува збор за пожар во кој наводно е зафатен поранешниот Тутунски комбинат познат како Монопол.

Пожарот веднаш бил пријавен во тетовската противпожарна единица и пожарникарите со неколку возила се веќе излезени на терен.

Видео: Тетово инфо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.