Прилепчанец ќе одговара кривично, поради напишан коментар на објава на Фејсбук. Со него поттикнувал насилство и омраза, велат од МВР.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(38) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, по објава од еден портал на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство, стои во соопштението на полицијата испратено до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.