Вчера околу 18,30 часот е пријавено дека во Куманово, на бул.„3-та Македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.Ќ.(19) од Куманово, мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознака, управуван од 17-годишник од с.Биљановце, кумановско и паркирани патничко возила „БМВ“ „aуди“ и „sеат“.

Возачот на моторциклот и неговиот 15-годишен сопатник биле пренесени во Ургентен Центар-Куманово каде од доктор кај сопатникот е констатирана повреда, а кај возачот е констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.