Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Куманово денеска ги лишиле од слобода Б.П.(29), Г.М.(42) и М.К.(24), сите од Куманово.
Како што соопшти МВР, при претреси на повеќе локации во градот, во домови и други простории што ги користат лишените, извршени со судска наредба, кај нив биле пронајдени хероин, амфетамини, таблетки екстази, пари во износ од 28.000 евра во различни валути, нотарски договори и други предмети поврзани со различни кривични дела.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.