Вчера полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р. (23) од Тетово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Л.Р. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.