Полицијата синоќа во 20:30 часот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје, го лишила од слобода М.А.(34) од Скопје.
Како што информира денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка – карабин „Црвена застава“, 53 куршуми за револвер 357 Магнум и 17 куршуми за ловечки карабин, кои ги поседувало нелегално.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.