На 11.10.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од триесет и седум годишно лице, удрило во малолетен пешак, по што го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медициски центар Штип. По преземени мерки и активности, возачот бил пронајден на 12.10.2024 и со него бил извршен службен разговор. Уувид бил извршен од екипа на Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.