Малолетник со повреди итно е пренесен во болница откако денеска во него удри возило. Несреќата се случила предмалку кај „Блок кафе“ во Аеродром.

Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, во 13:05 часот „опел“ со скопски регистерски таблички удрил во малолетник на улицата „Симеон Кавракиров“ во Аеродром. Детето е пренесено во Ургентен центар, а полицискиот увид сè уште е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.