Вчера околу 07.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, на подрачје на Куманово, патничко моторно возило „фиат“ удрило во велосипед управуван од М.Ј.(71) од Куманово и го напуштило местото.

По несреќата, М.Ј. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.