Полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Л.З.(23) од с.Длапкин Дол, кичевско, кој на 15 февруари околу 08.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, со патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот.
Притоа, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.