Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.И.(62) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

По несреќата малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.