Денеска во 11 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека 26-годишен жител на гостиварско село во семејниот дом, најпрво со остар предмет неколку пати се самоповредил по телото, а потоа ги повредил и неговата 50-годишна мајка, 29-годишна сестра и малолетна внука.

Набргу, пријавениот кој се соочувал со здравствени проблеми, како и трите други повредени лица биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош и се надвор од животна опасност.

Од СВР Тетово нагласуваат дека станува збор за првични информации и дека јавен обвинител и екипа oд Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.