Денеска (23.11.2023) во 10.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.А.(24) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во патничко возило „ауди“, со кое тој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ф.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом во с.Страчинци, скопско, при што пронашле и одзеле хероин, кокаин, дигитална вага со остатоци од хероин и кокаин, две рамки од автоматска пушка, 339 куршуми, една пушка, ловечка пушка и 13 ловечки патрони.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.