Трагедија ги потресе жителите на Свети Николе, откако жител на градот застрелал своја сограѓанка, по што извршил самоубиство.

Како што велат нивни сограѓани, извршителот на обидот за убиство бил заљубен во жртвата.

Момчето беше заљубено во девојката. Таа работеше во локалната слаткарница. Не возвраќаше на неговата љубов, а тој беше упорен. Но, никој не очекуваше да се случи ова што денеска ги потресе жителите на Свети Николе. Огромна трагедија, вели жител на градот.

При немилиот настан, жената била повредена и префрлена во болница.

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе во 7.50 часот пред Пензионерскиот дом во Свети Николе со пиштол пукал кон 32 годишната О. Б од Свети Николе. При што таа се здобила со повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, а потоа Т.А. пукал во себе, по што починал. Извршен е увид од јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случај“, се вели во соопштението на СВР-Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.