Пожарникарот на ТППЕ- Штип, кој исчезна утринава додека гаснеше пожар на планината Серта е извлечен од непристапниот терен, здравствената состојба му е добра и веќе го прегледуваат лекари од Брзата помош, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.
Тој посочи дека утринава околу 9.30 му се губи трагата на пожарникорот, кој има искуство од над 20 години, а во потрагата се вклучиле 15 негови колеги, полициски хеликоптер и ловци.
– Сѐ уште сме на планината Серта, каде што имаме пожар на шума, нискостеблести растенија на површина од околу 50 хектари. За кратко ќе се повлечеме, бидејќи овде имаме непристапен терен – вели Коцев.
Пожарот е под контрола, но со неговото гаснење ќе се продолжи утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.