Нискостеблеста шума и сува трева гори над липковското село Слупчане, информираше Територијалната противпожарна единица Куманово.

На терен се две противпожарни возила и седум пожарникари.

И Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти за пожарот над Слупчане кој избувнал попладнево.

-Пожарот во Липковско е на линија Слупчане – Ваксинце во насока кон Алашевце. Линијата на огнот е подолга од 300 метеи. Во близина има  борова шума. Се прават напори да се спречи ширење во таа насока. Гори трева и грмушки, информкра ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.