Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, за МИА информира дека пожарот што го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат. Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намалил својот интензитет.
Ангелов посочи дека од рано изутрината има уште седум-осум жаришта, каде што се гледа чад, но нема активно горење.
На терен се присутни 27 лица, од кои 15 лица од општина Василево, осум лица од тим на Дирекцијата за заштита и спасување и четири лица од Национални шуми Беласица. Тие се обидуваат да ги изгаснат овие осум точки кои иако не горат, со зголемувањето на температурата во текот на денот можат да почнат да горат и да го продолжат пожарот понатаму – додаде Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.