На 08.06.2023 во 02.12 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен В.А.(40) од Скопје, информира МВР.
Како што информираат оттаму, по преземени мерки било утврдено дека на ул.„Крсте Асенов“ во населба Чаир едно лице од пиштол пукало кон В.А., а на местото биле пронајдени две чаури.
Ранетиот во престрелката во Чаир, според неофицијални информации, бил бизнис партнер на висок функционер од МВР. Се погласни се шпекулациите дека партнерот на владиниот функционер настрадал токму поради парнерството.
Пукањето во бизнис партнерот на високиот функционер во МВР е предупредување токму до владиниот претставник. Со пукање во неговиот партнер се испраќа порака до него која тој мора да ја сфати сериозно – коментираат лица кои се блиски до двајцата бизнис партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.