Вчеравечер (13 јуни) во 23 часот во СВР Тетово било пријавено дека 80-годишниот Р.А. од
гостиварско Чегране додека готвел во помошен објект до неговата семејна куќа му експлодирало плинското шише и му нанело повреди на рацете и главата, по што бил принесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.