Поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури побегнал од домашен притвор, а полицијата за неговото пронаоѓање има распишано потерница.

Имено Гури бил ослободен од Судот и неговата затворска казна му ја заменил со домашен притвор од причина што тој морал да прима терапија поради здравствените проблеми кои ги имал.

Гури е поранешен заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП). Тој заврши во затвор поради вмешаност за даночни измами во кои беа опфатени 15 лица меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, а се товарат за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, даночна измама и перење пари. Се сомничи дека со неговите дела успеал да проневери околу 850 илјади евра.

Освен Гури, во јули минатата година затворска казна доби и неговиот сопартиец Ејуп Алими кој беше осуден на 3 години и шест месеци во случајот “Титаник 3“ поради уништување на изборен материјал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.