Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица.

Според информации на дежурната служба на ЈП „Македонијапат“, несреќата се случила откако возило удрило во „ригола“ на патот.

Оттаму информираа дека застојот е поради тоа што возилото се наоѓа на коловозот. Очекуваат брза реакција со што за кратко време сообраќајот ќе биде нормализиран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.