По бунтот на жителите на Слупчане, кои синоќа го блокираа патот на екипите на ЕВН и не им дозволија да влезат во селото, од ЕВН велат дека со ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Во денешното соопштение до медиумите, тие информираат дека во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.
Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици, предупредуваат од ЕВН.
Тие информираат дека поради блокадата на жителите од Слупчане, со дефект денеска се соочуваат и селата Оризаре, Ваксинце, Лојане.
Екипите на Електродистрибуција не може да го санираат дефектот се додека се напаѓаат на терен и немаат услови за работа. Дефекти предизвикани од посериозни манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат, велат од ЕВН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.