Вчера во 14.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јани Лукровски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, удрило во Л.С.(74) од Скопје.

Во незгодата, Л.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.