Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З. Ц. и против правно лице – агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик.
Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од колективниот договор и во согласност со член 214 од колективниот договор на МВР донесено е решение за отстранување на З. Ц. од работното место до донесување решение во дисциплинската постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.