Зајакнати полициски патроли во центарот на Скопје за превенција од кражби и тепачки за празниците. Засилено полициско присуство е видливо деновиве на најфреквентните делови во Скопје.

Полициски патроли и возила, има кај кафаните во Дебар Маало, на плоштадот Македонија, околу трговските центри, но и во нив. Од полицијата за МИА велат дека овие патроли се распоредени превентивно во пресрет на празниците, кога сите одат во шопинг, но и се одржуваат предновогодишните прослави, за да се спречат кражби, тепачки или други инциденти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.