Полициски службеници од ОВР Гостивар, вчера во гостиварско Врапчиште, го лишиле од слобода М.Ч. (33) од Турција.
Како што соопшти МВР, при претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која приведениот ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска документација, пари и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.