Во моментов се проведува полициска акција на ГП „Табановце“. Неофицијално, опфатени се полициски и царински службеници од преминот. МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце, се апсат полицајци инволвирани во коруптивни дејства.

Подетални информации подоцна.

Засега нема делтали за акцијата, но се знае дека постои застој на преминот, се чека и по 3 часа. Кулминира нервозата кај патниците кои чекаат и кои се обидуваат да извршат притисок врз граничарите.

Во овој период од годината на ГП „Табановце“ има зголемен промет, со оглед на тоа што голем број се враќаат во родниот крај за празниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.