МВР информира дека двајца полициски службеници во село Шипковица биле принудени да пукаат во воздух откако биле нападнати од двајца жители на селото Гајре. Според полицијата, лицата требало да бидат приведени.
Од полицијата велат дека А.М. (40) и Л.М. (39) биле пријавени за неколку инциденти, меѓу кои одземање пари и закани, а на едно лице му го одземале и добитокот.
При лишувањето двајцата се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници, при што од еден полициски службеник бил испукан и предупредувачки куршум во воздух. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на пријавените случаи и ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.