Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 19 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за возење без возачка дозвола.
Како што соопшти МВР, изречени се и шест мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), пет за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за користење на мобилен телефон…
МВР додава дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.