Синоќешната вооружена престрелка на Пластичарска во полиција била пријавена вчеравечер околу 23.40 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање.

Во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје.

Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Повредените лица се надвор од животна опасност.

Екипи на Јавното обвинителство и на МВР веднаш излегле на терен и вршеле увид.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Според неофицијалните информации, починатиот бил познат музичар. На пукањето му претходела масовна тепачка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.