Почина 26-годишното момче од село Кравари кое пред една недела возејќи мотор доживеа тешка сообраќајка на патот во обнова Битола-граничен премин Меџитлија, пренесе „Независен“. Ова е втора жртва на патот за период од десет дена, откако на 16 септември во вечерните часови, 42-годишен маж излета со возилото од коловозот и почина на лице место. И двете жртви се жители на битолското село Кравари. Мештаните за весникот видно потресени велат дека ова се трагедии кои селото го завија во црно, страдаат млади сожители, кои оставаат дома деца сираци. По овие несреќи бараат ограничување на брзината на патот пред училиштето.

Лекарите една недела се бореа за животот на младиот мотоциклист по здобиените тешки телесни повреди при судир во автомобил. Поради сериозноста на повредите беше хоспитализиран на клиниките во Скопје, бил во кома со повреди на главата, а вчера почина.

На 20.09.2023 во 20.22 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Кравари, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.В.(45) од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.К.(26) од село Кравари, кој потоа удрил во паркирано возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на О.К. од Кравари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Целата сторија на „Независен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.