Сертиозен инцидент и голема тепачка се случиле во Судот во Охрид, кога во судницата била изречена затворска казна во траење од 15 години, за лице кое се товари за убиство. По ова, ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, која излегла од контрола и била повикана полицијата да интервенира, објави „Охрид1“.
Засега нема информации кој е нападнат и дали во инцидентот има повредени.
Како што објави порталот, полицијата ја блокирала улицата „Македонски просветители“. Околу судот се расподедени повеќе полициски автомобили, а полицијата влегла во судската зграда.
Според информациите, инцидентот се случил на судење на лица од Велешта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.