Како резултат на вандалски чин настрада споменикот на големиот поет Никола Јонков Вапцаров кој е патрон на Центарот за култура во Делчево. Од Општината го одудија вандалскиот чин, велејки дека ова е резултат на несовесно однесување на пијана група на млади во Делчево, чии испади резултираат со вандализам и уништување на опрема.

Упатуваме осудува за овој чин на вандализам кој ги преминува сите граници на несовесно однесување, истакнаа од Општина Делчево, додавајки дека споменикот на културниот деец веднаш е вратен во првобитната состојба.

(Фото: МИА)

Реакцијата доаѓа откако претходно беше украден дел од оградата на новиот пешчаки мост „Гоце Делчев” во центарот на градот.

Апелираме уште еднаш до граѓаните да се грижат за општинскиот имот и потсетуваме дека согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема за што е предвидена мандатна казна за сторителите, додадоа од Општината.

Во насока на спречување на вандалството во Делчево, претходно Општина Делчево на неколку локации постави надзорни камери, со цел поефикасно откривање на сторителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.