Пешак е повреден попладнево во сообраќајна несреќа на булеварот „Никола Карев“ познат како улица „Пластичарска”.

Веста за МИА ја потврдуваат и од МВР од каде појаснуваат дека сообраќајката се случила кај клучката „Детелинa“.

Според првичните информации, возило „опел корса“ од Скопје во 14:15 часот удрил во пешак кој во меѓувреме е пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увидот на местото на настанот уште трае.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.