Тепачка, турканици, навреди, вербални расправии како и интервенција на полицијата вчера во одделот за спорска медицина во Прилеп, кога раководството на болницата, по претходна одлука на стручен колегиум, се обидело да го земи апаратот за стрес тест и од спорска медицина да го премести во интерното одделение, за да освен спортистите го користат и другите граѓани кои имаат кардиолошки проблеми, објави „Сител“.

Лекарот Гоце Јонзоски, кој работи со овој апарат обвинува за насилно одземање на истиот и за физичко насилство врз него од страна на вработени во болницата, а како што вели по наредба на директорката Кети Смилеска. Јонзоски вели дека срамота било овој апарат да се зема од тука, бидејќи со тоа ќе се уништела службата. Наместо ова предлага да се поправел стариот стрес тест апарат во болницата, кој бил расипан скоро 10 години или да се купел нов кој чинел околу 15.000 евра.

Бев натепан во амбуланта, на работно место, во работно време од двајца нејзини слуги пајташи. Значи по нејзин налог тие влегоа насила во амбулантата, ми ја свиткаа раката, ме фатија за врат и ме удираа од вратата. Сето тоа е документирано, пријавено е во полиција. Проблем е за Припеп да се купи нов ваков апарат кој чини 10 или 15.000 евра, па ако овие пари се проблем за Прилеп дај тогаш да си ја заклучиме вратата и да си одиме дома – вели д-р Гоце Јонзоски, специјалист по спортска медицина.

Директорката, пак, Кети Смилеска истакна дека апаратот ќе биде ставен во функција за сите граѓани од 6 јуни и ќе биде вклучен во системот „Мој Термин“. Демантира дека со ова ќе се уништела службата за спортска медицина затоа што овој апарат иако ќе бидел во интереното одделение, од 5 работни дена, 4 ќе се користел за спортистите, а само 1 ден за сите останати граѓани со срцеви проблеми.

И не можи некој да се доведува во ситуација дека му се одзема нешто што е негово. Ништо овде не е мое или твое туку е од сите грѓани. Тука има ваков апарат кој не е во употреба, ние во неколку наврати ја разгледувавме можноста на стручен колегиум да се стави повторно во употреба. Но неговата употребна вредност е помината. И затоа овој апарат кој е нов го ставаме на располагање и на пациентите не само на спортистите, со тоа што само го дислоцираме – вели Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.

Доколку не се реши овој проблем по мирен пат се најавува правна разврска и од двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.