Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.А.(54) од с.Студеничани, скопско и патничко моторно возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Б.(60) од Скопје, при што, по ударот патничкото возило „дачиа“ удрило во Б.С.(70) од Скопје.

По несреќата Б.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.