Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје лиши од слобода криминалец баран со потерница за затворска казна од 12 години и десет месеци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што наведува во соопштение, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје завчера (21 јули) го уапсиле 34-годишниот Ј.С. од Скопје кој поради бегство од затворот „Идризово“ бил баран со потерница по наредба на Основниот кривичен суд,

Ј.С. бил осуден на казна затвор од 12 години и 10 месеци во врска со член 188 ст.1 и чл. 236 ст. 1 т.1 в.в чл. 22 и чл. 24 од Кривичниот законик. Тој ќe биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа, наведува МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.