Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид синоќа во 20:10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид ги лишиле од слобода Љ.З.(40) и Ж.Р.(33), двајцата од Охрид.
Приведените биле затекнати во близина на станот кој го користеле, при што при преглед кај Љ.З. биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај Ж.Р. била пронајдена и одземена поголема сума пари.
Подоцна, при претрес во станот извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.