Ветеното го реализираме! Секојдневни заплени на дрога, дилерите зад решетки!, порача денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски споделувајќи ја последната акција на полицијата во борбата против нелегалната продажба на наркотични сретства.

По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје. При претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари.
Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје. Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје, сподели Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.