Опседнатоста на Тихомир А, четириесетитри годишникот, кој ја застрела девојката во коа бил вљубен траела долго време. Ден по обидот за убиство и самоубиството во Свети Николе, не стивнува запрепастеноста кај населението. Велат Тихомир долго време бил заљубен во 32-годишната девојка. Постојано ја следел, и испраќал пораки, ја прогонувал.

Девојката неколкупати го има пријавувано во полиција. Не се чувствуваше безбедно, постојано ја прогонуваше. Беше опседнат со неа. Одеше на излогот од слаткарницата ја чекаше да помине за да направи фотографија со неа, селфи и да постира на социјалните мрежи – раскажува еден од жителите на градот.

Велат веројатно немал намера да го направи делото. Го знаат како добро момче, кој работел како механичар.

Сигурно немал намера да пука во неа. Тие двајца никогаш не беа во врска, ниту пак имаше нешто меѓу нив. Едноставно невозвратена љубов. Тој премногу ја сакаше, но таа ја игнорираше неговата љубов. Едноставно имаше свој живот, во кој немаше место за него. Тој ден не бил прв дентој да ја следи. Не било ништо ново за неа. Но што се слуило и како го извадил пиштолот не знам. Велат откако помислил дека ја убил си пресудил себе си. А девојката е добра и е надвор од животна опасност. Била застрелана во рамото – раскажуваат жителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.